Во воздушни операции на северот на Ирак и внатре во земјата се неутрализирани 16 терористи на ПКК

Во воздушни операции во областа Синат-Хафтанин преку границата на северот на Ирак и во руралните подрачја на населеното место Омерли кај градот Мардин и кај градот Ширнак внатре во границите на земјата се неутрализирани 16 терористи на ПКК

1007479
Во воздушни операции на северот на Ирак и внатре во земјата се неутрализирани 16 терористи на ПКК

Во реализирани воздушни операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во областа Синат-Хафтанин преку границата во северниот дел на Ирак и во руралните подрачја на населеното место Омерли кај Мардин и кај Ширнак внатре во границите на земјата се неутрализирани 16 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Генералштабот се истакнува дека вчера и денеска беа реализирани воздушни операции во областа Синат-Хафтанин преку границата на северот на Ирак и во руралните подрачја на населеното место Омерли кај градот Мардин и кај градот Ширнак внатре во границите на земјата.

Во соопштението се вели дека во овие воздушни операции беа неутрализирани 16 терористи на ПКК, а беа запленети и големи количини материјали за обезбедување на животните потреби на терористите и муниција.

 



Слични вести