Турција стана претседавач со Советодавната комисија на УНРВА при ОН

Турција го презеде привременото претседателствување со Советодавната комисија (AdCom) на УНРВА при ОН во периодот од 1 јули 2018 година до 1 јули 2019 година

1007797
Турција стана претседавач со Советодавната комисија на УНРВА при ОН

Турција го презеде привременото претседателствување со Советодавната комисија (AdCom) на Агенција за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА) при Обединетите нации (ОН).

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Советодавната комисија составена од 27 членови реализира работи за помагање и доставување на препораки на генералниот комесар на УНРВА.“

Должноста претседавач на Турција ќе трае до 1 јули 2019 година.

Во соопштението на министерството за истакнува дека УНРВА која е формирана со резолуција на Генералното собрание на ОН, а со цел одбрана и подорбување на животните услови на палестинските бегалци, моментално дава образование за повеќе од 530 илјади ученици во 700 училишта.  

„Годишно дава здравствена услуга за 3,5 млиони лица, дава помош во храна и парична помош за 1,7 милиони бегалци, и особено дава инфраструктурна поддршка во близу 60 бегалски кампови“, се вели во писменото соопштение на министерството за надворешни работи на Турција и се додава следното: „Нашата земја во правец на значењето што го придава на палестинското прашање уште од почетокот вложува напори за обезбедување на максимален придонес за УНРВА чија е членка уште од нејзиното формирање во 1949 година. Во тој контекст, за време на должноста потпретседател на Советодавната комисија што ја извршуваше во периодот од 1 јули 2017 година до 1 јули 2018 година во голема мера ги зголеми своите придонеси на Агенцијата. Особено за да би можела УНРВА чии финансиски проблеми во последно време се зголемуваат, да ги продолжи своите услуги без прекин Турција за време на своето претседателствување со Советодавната комисија ќе продолжи да води напори Агенцијата да се стекне со попредвидливи, одржливи и доволни извори. Во тој контекст меѓу нашите цели се наоѓа зголемувањето на бројот на донаторски земји кои даваат поддршка на Агенцијата и на географската разноликост на донаторите.“



Слични вести