Во воздушни операции кај Мардин, Хаќќари и Ширнак се неутрализирани 15 терористи на ПКК

Во последните реализирани воздушни операции во рамките на борбата против тероризмот се неутрализирани 15 терористи на ПКК од кои двајца кај градот Мардин, 8 кај градот Ширнак и 5 мина терористи во месноста Кирикдаг кај градот Хаќќари

1006834
Во воздушни операции кај Мардин, Хаќќари и Ширнак се неутрализирани 15 терористи на ПКК

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјата на градовите Мардин, Хаќќари и Ширнак во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани 15 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од министерството за внатрешни работи, во последните реализирани операции во рамките на борбата против тероризмот се неутрализирани 15 терористи на ПКК од кои двајца кај градот Мардин, 8 кај градот Ширнак и 5 мина терористи во месноста Кирикдаг кај градот Хаќќари.

Операциите во подрачјето на градот Мардин продолжуваат.

Во меѓувреме и Генералштабот на својата официјална сметка на социјалната мрежа Твитер соопшти дека во реализираните воздушни операции вчера и денеска во руралното подрачје на градот Хаќќари се неутрализирани 7 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

На тој начин бројот на неутрализираните терористи од страна на Турските вооружени сили во периодот од 29 јуни до 5 јули внатре во границите на земјата и преку границата во северниот дел на Ирак се зголеми на 49.

Во операцијата Маслиново гранче пак која што беше започната на 20 јанури во северниот дел на Сирија бројот на неутрализираните терористисе зголеми на 4.519.

 



Слични вести