Сеќавање на масакрот Башбаглар кога од страна на терористите беа ѕверски измасакрирани 33-јца цивили

Терористите на ПКК кои ноќта на 5 јули 1993 година дојдоа во селото Башбаглар на 220 километри од градот Ерзурум ѕверски измасакрираа 33-јца цивили

1006763
Сеќавање на масакрот Башбаглар кога од страна на терористите беа ѕверски измасакрирани 33-јца цивили

Населеното место Кемалије кај градот Ерзурум кое пред 25 години беше сцена на едниот од најбруталните напади на крвавите раце вчера повторно беше во голема жалост.

Масакрот Башбаглар во истоименото село (Башбаглар) кога од страна на терористите беа ѕверски измасакрирани 33-јца цивили, е едниот од најголемите  извршени масакри врз цивилите од страна на терористичката организација ПКК.

Не стивнува болката од овој масакр и покрај тоа што измина четвртина век.

Терористите на ПКК кои ноќта на 5 јули 1993 година дојдоа во селото Башбаглар на 220 километри од градот Ерзурум ги собраа сите жени од селото во реката, ги ограбија куќите, им зедоа се што имаа пари, злато и други драгоцени предмети и ги запалија куќите во селото.

Терористите запалија во нивните куќи пет селани кои се спротивставија на овој зулум, а потоа на селскиот мегдан собраа 28 мажи кои по клањање на вечерниот намаз излегуваа од џамија.

Терористите извесно време одржаа пропаганден говор, а потоа ги стрелаа селаните.

Во истражувањето кое што беше реализирано во селото Башбаглар наоколу беа пронајдени стотици празни чаури.

Населението кое живее во селото Башбаглар каде што болката и жалоста од извршениот ѕверски масакр и покрај изминати долги години сеуште се свежи, не можат да ги избрижат од своите умови доживеаните болки пред четвртина век кои што сеуште не престануваат.



Слични вести