Подготвен видео спот за премиерот Бинали Јилдирим „Последниот премиер“

На видео спотот „Последниот премиер“ се одделува место на животната приказна на премиерот Бинали Јилдирим од неговото раѓање на 20 декември 1955 година во селото Каји во Рефахије кај градот Ерзинџан па се до владиниот дворец на Чанкаја во Анкара

1007252
Подготвен видео спот за премиерот Бинали Јилдирим „Последниот премиер“

Од страна на консултантството за печат при владата беше подготвен видео спот во кој се раскажува за животната приказна на „Последниот премиер“ Бинали Јилдирим.

На видео спотот и се оделува место на животната приказна на премиерот Бинали Јилдирим од неговото раѓање на 20 декември 1955 година во селото Каји во населеното место Рефахије кај градот Ерзинџан па се до владиниот дворец на Чанкаја во Анкара.

На видео спотот има снимки на кои се гледа како премиерот Бинали Јилдирим шета на природа на висорамнината Думанли во селото Каји во неговото родно место и се вели дека Јилдирим „Е вистински Каји Бег“.

Се истакнува дека Јилдирим почнал да работи уште на мали години и дека за време на неговата премиерска функција еден по еден ги исполнил сите свои соништа од детството. 

На спотот се користат видео-снимки и фотографии од различни програми на кои што премиерот Бинали Јилдирим учествувал заедно со претсеадтелот Реџеп Тајјип Ердоган и се потсетува дека во период кога интензивно беа ставани во примена автопатишта, тунели, високобрзински возови и други мега проекти во земјата „една мрачна рака стави во примена еден предавнички план“.

На видео спотот се нагласува дека премиерот Бинали Јилдирим уште од моментот на обидот за преврат на 15 јули 2016 година се бореше за владеење на демократијата и народната волја.

 



Слични вести