На инаугурацијата на претседателот Ердоган ќе учествуваат претседатели на 17 земји

На инаугурацијата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган што ќе се одржи на 9 јули во понеделник ќе учествуваат претседатели на 17 земји и премиери и претседатели на парламенти на голем број земји

1007088
На инаугурацијата на претседателот Ердоган ќе учествуваат претседатели на 17 земји

Церемонијата на полагање заклетва на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој на одржаните избори на 24 јуни со освоени 52 насто гласови беше реизбран за претседател ќе се одржи на 9 јули, во понеделник.

Според добиени информации од извори на кабинетот на претседателот, на инаугурацијата ќе учествуваат претседатели на 17 земји и премиери и претседатели на парламенти на голем број земји.

Меѓу земјите кои на инаугурацијата ќе бидат претставени на ниво на претседател се Македонија, Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Пакистан, Киргистан, Украина, Венецуела, Казахстан, Гине, Сомалија и Замбија.

На церемонијата ќе воедно ќе учествуваат и премиери и претседатели на парламенти на голем број земји, како и други еминентни личности и поканети гости.

На крајот на церемонијата на полагање заклетва претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе приреди свечена вечера во чест на поканетите гости.  

По полагањето заклетва на претседателот Ердоган официјално ќе започне и новиот систем на управување во Република Турција, претседателскиот систем на власта.



Слични вести