Тендерот за изградба на 4 корвети за пакистанските поморски сили го доби Турција

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли изјави во Црна Гора дека тендерот за изградба на 4 корвети за потребите на поморските сили на Пакистан го доби Турција

1006391
Тендерот за изградба на 4 корвети за пакистанските поморски сили го доби Турција

Тендерот за изградба на 4 корвети за потребите на поморските сили на Пакистан го доби Турција.

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли во дадената изјава во Црна Гора каде што престојува во официјална посета рече: „Заврши тендерот за изградба на 4 корвети за потребите на поморските сили на Пакистан и овој тендер го добивме ние како Турција.“

Во врска со добивањето на овој тендер од страна на Турција, министерот Џаникли рече: „Овој ден е многу значаен за нашата земја, нашето министерство и за турската одбранбена индустрија.“

Министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли го подвлече и следното: „Ова претставува извоз со највисока цифра остварен во турската одрбанбена индустрија досега.“



Слични вести