Пофалби од јеменскиот министер Саиди за хуманитарната поддршка на Турција на неговата земја

Јеменскиот министер за планирање и меѓународна соработка Мухамед Саид ес-Саиди упати пофалби за хуманитарната поддршка што ја доставува Турција на неговата земја

1006099
Пофалби од јеменскиот министер Саиди за хуманитарната поддршка на Турција на неговата земја

Според веста на јеменската официјална новинска агенција САБА, министерот за планирање и меѓународна соработка Мухамед Саид ес-Саиди во главниот град на Саудиска Арабија Ријад се состана со амбасадорот на Турција во Сана Левент Елер.

Во оваа пригода јеменскиот министер Саиди упати пофалби за хуманитарната поддршка што ја доставува Турција на неговата земја.

На средбата стана збор за прашања посветени на соработката и координацијата помеѓу двете земји во врска со повторната изградба на Јемен и повоениот период во оваа земја.

Јеменскиот министер Саиди потсети на тоа дека Турција непрестано му доставува хуманитарна поддршка на Јемен кој повеќе од 3 години се соочува со граѓанска војна, го изрази задоволството од оваа помош и ѝ се зблагодари на Турција.

Амбасадорот на Турција во Сана Левент Елер нагласи дека ќе продолжи поддршката на Турција на управата, владата и народот во Јемен, а воедно рече дека значајно е да се доставува поддршка на процесот на развојот и стабилноста на земјата.

Турција во голем број градови на Јемен каде што поради судирите хуманитарните услови се тешки и е причинета голема штета во инфраструктурата на оваа земја долго време како со посредство на институции како што се Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), турската Црвена полумесечина Кизилај и турската Фондација Дијанет развива низа проекти за доставување помош. 

Во Јемен каде што долго време владее политичка нестабилност се водат судири помеѓу Хусите и силите лојални на легитимната власт. Хусите од 2014 година ги држат под своја контрола главниот град Сана и некои други области на Јемен, додека коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија од 2015 година ја поддржуваат јеменската влада против Хусите.

 



Слични вести