Во воздушни операции кај Ширнак и на северот на Ирак се неутрализирани 11 терористи на ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) на 3 и 4 јули реализираа воздушни операции кај градот Ширнак во земјата и преку границата во северниот дел на Ирак во кои се неутрализирани 11 терористи на ПКК

1005244
Во воздушни операции кај Ширнак и на северот на Ирак се неутрализирани 11 терористи на ПКК

Во реализирани воздушни операции на Турските вооружени сили (ТВС) на 3 и 4 јули во  руралното подрачје на градот Ширнак внатре во границите на земјата и во подрачјата на планината Кандил, во Авашон-Басјан и во Гара преку границата во северниот дел на Ирак се неутрализирани 11 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Во објавеното соопштение од Генералштабот на својата сметка на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека во реализираните воздушни операции во наведените места се уништени скривници, засолништа и магацини за муниција на терористичката организација.

Во соопштението се вели дека во овие воздушни операции се неутрализирани 11 вооружени терористи.



Слични вести