Претседателот Ердоган на турнеја по неколку земји

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган првата надворешна посета по вонредните претседателски и парламентарни избори што се одржаа на 24 јуни ќе ги оствари на Турската Република Северен Кипар и Азербејџан.

1004867

Ердоган на 10 јули ќе отпатува во посета на Турската Република Северен Кипар, а веднаш потоа и во посета на Азербејџан.

Претседателот Ердоган нешто потоа ќе отпатува во посета на Брисел на самит на НАТО кој ќе се одржи од 11.-до 12. јули.

Се очекува претседателот Ердоган во Брисел да оствари посебна средба со претседателот на САД Доналд Трамп.

Слични вести