Два турски воени авиони Ф-35 слетаа на воено воздушната база Лук Во Аризона

Наскоро турските воени пилоти и екипата задолжена за одржување на авионите ќе започнат со обука на воздушната академија.

1004578
Два турски воени авиони Ф-35 слетаа на воено воздушната база Лук Во Аризона

Полковник Роб Менинг, портпарол на американскиот државен секретаријат за одбрана ,Пентагон, соопшти дека турските воени пилоти на воените авиони Ф-35 како и нивниот екипаж задолжен за одржување на авионите наскоро ќе започнат со изведување на пробни летови во Аризона.

Менинг го истакна тоа на редовната конференција за печатот на која рече:

Познато е дека два турски воени авиони Ф-35 слетаа на воено воздушната база Лук Во Аризона.Наскоро турските воени пилоти и екипата задолжена за одржување на авионите ќе започнат со обука на воздушната академија.Согласно постигнатиот договор меѓу двете земји турскиот авион извесен период ќе биде под американски надзор, така да во тој вреенски период пилотите ќе ја завршат потребата обука во академијата,што се на се ќе потрае околу една година.

Осврнувајќи се на напорите за спречување на испораката на авионите на Турција,Менинг додаде :

Американската влада сеуште не донесе одлука за учество на Турција во програмата наменета за заедничкиот борбен авион Ф-35. Треба да се има на ум дека Турција е клучен НАТО сојузник и дека од 2002 година е меѓународен учесник во програмата на Ф-35.

Земајќи збор на истата конференција за печатот полковник Мајк Ендрјус,портпарол на Заедничките програми на Пентагон ,истакна дека турските пилоти ќе започнат со обука за два месеци.

На прашањето дали Турција ќе го задржи авионот Ф-35 и доколку дојде до извесни промени во оваа политика, полковник Мајк Ендрјус одговори: 

„Сенатот гласаше за спречување на испораката на Ф-35 на Турција.Конгресот има еден глас.И претседателот има еден глас.Тоа практично значи дека вие од мене барате да шпекулирам.“

 

 



Слични вести