Турските војници го реализираа седмото патролирање во Менбич во Сирија

Турските војници согласно постигнатиот договор со САД го реализираа и седмото координирано-независно патролирање помеѓу просторот на операцијата Еуфратски штит и подрачјето на Менбич во Сирија

1003222
Турските војници го реализираа седмото патролирање во Менбич во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС) и вооружените сили на САД го реализираа седмото координирано-независно патролирање помеѓу просторот на операцијата Еуфратски штит и подрачјето на Менбич во Сирија.

Во објавеното соопштение од сметката на социјалната мрежа Твитер на Генералштабот се истакнува дека вчера е остварено и седмото патролирање. 

Инаку, Турција и САД пред извесно време постигнаа согласност за повлекување на ЈПГ/ПКК од окупираното  подрачје на Менбич, западно од реката Еуфрат во северниот дел на Сирија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Мајк Помпео на остварената средба на 4 јуни ја одобрија патната карта која што го содржи и воспоставувањето на безбедноста и стабилноста во подрачјето на Менбич.

Планот воедно предвидува и започнување на заеднички контроли од страна на Турција и САД со свои воени и разузнавачки единици во подрачјето.

Освен тоа се предвидува по излегувањето на терористите од Менбич во подрачјето да се формира управа од локални елементи.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со поддршка на САД во август 2016 година го зазеде од терористичката организација ДЕАШ и го окупира подрачјето на Менбич кај градот Алепо во северниот дел на Сирија. 

Населението на Менбич повеќе од 90 насто го сочинуваат Арапи.

 



Слични вести