Јилдирим: Никој не може да ја креира политиката на Турција од надвор

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека никој не може да ја креира политиката на Турција од надвор

1003028
Јилдирим: Никој не може да ја креира политиката на Турција од надвор

Премиерот Бинали Јилдирим во говорот што го одржа на 25-тата редовна генерална седница на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) и церемонијата на наградите шампиони во извозот за 2017 година истакна дека моментално дигалка на развојот е приватниот сектор.  

Велејќи „Ние сме свесни за тоа. Она што треба да го направиме ние е да го отвориме патот.“, Јилдирим нагласи дека растечкиот извоз не е доволен и дека треба да се извезува уште повеќе.

Бинали Јилдирим напомена дека воедно се има за цел бројот на извозници од сегашните 70 илјади да се зголеми на над 120 илјади.

Осврнувајќи се и на одржаните избори на 24 јуни, премиерот Бинали Јилдирим продолжи со следните зборови: „По соопштување на одлуката за одржување на избори институциите за кредитен рејтинг забрзано подготвуваат дневен ред и донесуваат одлуки во врска со Турција. Ова така или онака се активности за интервенција на изборите, меѓутоа народот им го даде потребниот одговор и тие веќе се готови. Никој не може да ја креира политиката на Турција од надвор. Оној кој ќе одлучи за политиката на Турција е народната волја. Народот пак е сопственикот на народната волја.“

Јилдирим нагласи дека тогаш кога е во прашање одредена закана против Турција од внатре или од надвор не станува збор да се земе дозвола од никого за да се направи неопходното во врска со тоа.

„Тоа е прашање на опстанок на земјата. Тоа е прашање на безбедноста и прашање на независноста на земјата. Ние ќе го направиме неопходното, бидејќи доколку не се стори тоа не би можеле да зборуваме за ништо друго.“

 



Слични вести