Генерал на армија Хулуси Акар во обиколка на единиците на границата со Сирија

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар истакна дека борбата против тероризмот ќе продолжи со одлучност се додека не биде неутрализиран и последниот терорист

1002898
Генерал на армија Хулуси Акар во обиколка на единиците на границата со Сирија
orgeneral akar.jpg
orgeneral akar-komutanlar.jpg

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар истакна дека продолжуваат активностите со кои што ќе се обезбеди ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, да го напушти подрачјето на Менбич во Сирија и да се собере оружјето од рацете на оваа терористичка организација.

Според објавеното соопштение од Генералштабот, генерал на армија Хулуси Акар заедно и со командантот на копнените сили генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз, командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на Втората армија генерал полковник Метин Темел бил во обиколка на воените единици на границата со Сирија.

Овде началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар се состана со командантите на единиците во подрачјето од чија страна беше информиран во врска со операциите и воените активности кои што продолжуваат, по што издаде и директиви до војската.

Генерал на армија Акар истакна дека Турските вооружени сили (ТВС) со силата  што ја добиваат од љубовта и довербата на племенитиот народ непрестано продолжуваат со операциите во рамките на борбата против тероризмот како внатре во границите на земјата, така и преку границата.

Нагласувајќи дека во реализираните операции во последните месеци особено во северниот дел на Ирак се уништени стотици цели на сепаратистичко-терористичката организација, која претставува закана против единството и територијалниот интегритет на земјата (Турција) и народот, нивната безбедност, суверенитетот и независноста, генерал на армија Хулуси Акар напомена дека во овие операции се неутрализирани голем број терористи и дека борбата против тероризмот ќе продолжи со одлучност се додека не биде неутрализиран и последниот терорист. 

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар истакна дека освен тоа продолжуваат неопходните контакти и координациони активности со вооружените сили на САД во правец на патната карта за подрачјето на Менбич и безбедносните принципи за кои што е постигнат компромис, а воедно додаде дека вие тие рамки координирано и со елементите на вооружените сили на САД се реализираат активностите за патролирање и продолжуваат активностите со кои што ќе се обезбеди ЈПГ да го напушти подрачјето на Менбич во Сирија и да се собере оружјето од рацете на оваа терористичка организација.

Велејќи дека 12-те набљудувачки поунктови кои што координирано и со Русија и Иран беа формирани во Идлиб е придонесено за воспоставување на средината на доверба и стабилноста во подрачјето, началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар нагласи дека сите операции преку границата се реализираат во рамките на почитување на територијалниот интегритет на Сирија и Ирак и во согласност со меѓународното право.



Слични вести