Во воздушни операции на северот на Ирак и кај Хаќќари неутрализирани 10 терористи на ПКК

Во вчерашните воздушни операции преку границата на северот на Ирак во Хакурк, Кани и Раш и во пограничното подрачје на градот Хаќќари се неутрализирани 10 терористи на ПКК од кои еден се наоѓал во сивиот список на терористи

1002101
Во воздушни операции на северот на Ирак и кај Хаќќари неутрализирани 10 терористи на ПКК

Во реализирани воздушни операции на Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјата на Хакурк, Кани и Раш преку границата во северниот дел на Ирак и во пограничното подрачје на градот Хаќќари се неутрализирани 10 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од кои еден се наоѓал во сивиот список на терористи.

Во објавеното соопштение на официјалната сметка на Генералштабот на Твитер се истакнува дека вчера беа реализирани воздушни операции во подрачјата на Хакурк, Кани и Раш на северот на Ирак и во пограничното подрачје кај градот Хаќќари.

Во соопштението се вели дека во овие воздушни операции се неутрализирани 10 терористи на ПКК од кои еден се наоѓал во сивиот список на терористи.

Од друга страна во последната една недела се неутрализирани 56 терористи. 

На тој начин, во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ што ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС) на 20 јануари во Африн во северниот дел на Сирија, а со цел неутрализирање на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и членовите на ДЕАШ, како и за спасување на пријателскиот и братски народ во подрачјето од перитисокот и зулумот, досега се неутралзиирани 4.513 терористи.



Слични вести