Во амбасадата на Обединетото Кралство во Анкара се прослави 92. роденден на кралицата Елизабета 2.

Во свечениот говор потпретседателот на владата Мехмет Шимшек рече дека односите меѓу двете земји имаат историјат од 500 години .

1002205
Во амбасадата на Обединетото Кралство во Анкара се прослави 92. роденден на кралицата Елизабета 2.

Во амбасадата на Обединетото Кралство во Анкара се прослави 92. роденден на кралицата Елизабета 2.

На свеченоста присуствуваше потпретседателот на владата Мехмет Шимшек.

Во свечениот говор Шимшек рече дека односите меѓу двете земји имаат историјат од 500 години и додаде дека Турција никогаш нема да ја заборави солидарноста на Британија изразена на нашата земја веднаш по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули 2016 година, кој беше реализиран од страна на фетулахистичко/терористичката организација ФЕТО.

Осврнувајќи се на борбата против тероризмот вице премиерот Шимшек рече дека Турција и Британија како членки во НАТО сојузот соработуваат во борбата против сите видови на екстремизам, тероризам и за воспоставување на траен мир на Блискиот исток.

Амбасадорот на Обединетото Кралство во Анкара неговата екселенција Доминик Чилкот му честита на изборната победа на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на предвремените избори на 24 јуни годинава.

На церемонијата учствуваа голем број шефови на странски мисии во Анкара ,владини претставници и други лица.

 



Слични вести