Писмо со честитка од Ши Џинпинг до Ердоган за победата на изборите

Кинескиот претседател Ши Џинпинг испрати писмо до претседателот Ердоган во кое му честита за успехот на одржаните избори на 24 јуни

1002777
Писмо со честитка од Ши Џинпинг до Ердоган за победата на изборите

Кинескиот претседател Ши Џинпинг испрати писмо со честитка до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за одржаните избори на 24 јуни.

Џинпинг во писмото му честита на претседателот Ердоган за успехот на изборите и го вели следното:

„Верувам дека под лидерството на претседателот Ердоган Турција ќе постигне многу поголеми успеси на патот на развојот. Им придавам големо значење на унапредувањето на кинеско-турските односи. Во последните години бевме во близок контакт со вас со што постигнавме резултати за ефикасна соработка во секоја сфера. Спремен сум да вложувам заеднички напори за постигнување поголем напредок во односите за турско-кинеска стратешка соработка и за создавање на поголем просперитет за двете земји и двата народа.“



Слични вести