МНР на Турција изрази жалење и загриженост од операциите во Дера и Кунејтра во Сирија

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој истакна дека Турција чувствува големо жалење и загриженост од операциите кои што се реализираат во градовите Дера и Кунејтра во Сирија

1002656
МНР на Турција изрази жалење и загриженост од операциите во Дера и Кунејтра во Сирија

Турција соопшти дека чувствува големо жалење и загриженост од операциите кои што се реализираат во градовите Дера и Кунејтра во Сирија.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој во врска со операциите во подрачјата на градовите Дера и Кунејтра во Сирија го рече следното: „Остро ги проколнуваме овие нечовечки напади.“

На едно поставено новинарско прашање портпаролот Аксој говореше во врска со операциите на сириската армија во областа за намалување на затегнатоста која што согласно потпишанот меморандум во Астана беше прогласена во подрачјата на градовите Дера и Кунејтра во југозаапдниот дел на Сирија.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој рече: „Чувствуваме големо жалење и загриженост од тоа. Остро ги проколнуваме овие нечовечки напади. Овие напади ги поткопуваат напорите кои што се водат во Астана и Женева во правец на намалување на насилството на теренот и изнаоѓање соодветено политичко решение за кризата. Упатуваме повик до другите гарантори на компромисот од Астана и до меѓународната заедница веднаш да бидат сопрени нападите.“

 



Слични вести