Ердоган: Најголемата борба ѝ во наредниот период ќе се води против тероризмот

Претседателот Р. Т. Ердоган истакна дека најголемата борба на новата влада што ќе се формира ѝ во наредниот период, ќе се води против тероризмот

1002661
Ердоган: Најголемата борба ѝ во наредниот период ќе се води против тероризмот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на свеченоста по повод отворањето на џамијата на Академијата за крајбрежна стража на Жандармеријата во Анкара.

Ердоган истакна дека најголемата борба на новата влада што ќе се формира ѝ во наредниот период, ќе се води против тероризмот.

Нагласувајќи дека специјално обучените војници се доста ефикасни во борбата против тероризмот, Ердоган рече: „Онолку колку што ќе го зголемиме бројот на нашите командоси, онолку колку што ќе го зголемиме бројот на нашите специјални сили толку ќе се зголеми и нашата борба против тероризмот.“

Ердоган истакна дека  најголемата борба во наредниот период ќе биде борбата против тероризмот и во продолжение рече: „Тероризмот ќе го земеме под нашите нозе, ќе го згазиме и ќе го уништиме, така да во нашата земја ќе завладее спокојството.“

Велејќи дека турската војска се нарекува Мехметчик, инаку збор кој што значи и Мухаммед (името на нашиот божји пратеник Пејгамберот), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Војската на ниту една друга земја не се нарекува Мехметчик. Вие турски војници Мехметчик секогаш сте спремни за да го положите својот живот, да станете шехиди што претставува најблиско место до Пејгамберот. Аллах нека ви го благослови ова ваше патување.“

 



Слични вести