Чавушоглу: За човечките загуби во последно време во Сирија се одговорни Русија, САД и Иран

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека за човечките загуби до кои доаѓа во последно време во Сирија се одговорни Русија, САД и Иран

1002628
Чавушоглу: За човечките загуби во последно време во Сирија се одговорни Русија, САД и Иран

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во програмата на еден приватен телевизиски канал одговараше на прашања во врска со актуелниот дневен ред и притоа направи проценка на нападите кои што се интензивираат во последно време во Сирија и на човечките загуби до кои што доаѓа во последно време во оваа земја.

Чавушоглу истакна дека за човечките загуби до кои доаѓа во последно време во Сирија се одговорни Русија, САД и Иран.

Потсетувајќи дека на разговорите во главниот град на Казахстан, Астана за стопирање на војната во Сирија кон договорот за формирање на области без судири е додадена и јужната област и дека Турција, Русија и Иран донесоа одлука за заедничко делување, Чавушоглу појасни дека гарантори на сирискиот режим се Иран и Русија, а гарантор на сириската опозиција е Турција.

Меѓутоа, Чавушоглу напомена дека потоа САД и Русија постигнаа компромис во врска со оваа област и додаде дека согласно овој нивен компромис на едната сртана се наоѓа опозицијата, а на другата режимот.

Чавушоглу рече: „Сега режимот ја нападна оваа област. Кој го склучи овој компромис. САД и Русија. Сега и двете тие имаат одговорност и треба да го сопрат тоа. Тогаш ако завршат сите договори нема да имаат значење и важност и политичкото решение и резултатите од Женева, Астана и самитот во Сочи. Овојпат хаосот ќе продложи. Така да секој треб ада ја исполни својата обврска. Ние ионака го направивме нашето појаснување по ова прашање, меѓутоа од друга страна овде се одговорни и САД. Бидејќи фрлија потпис на заеднички компромис со Русија и треба да се сопрат овие прекршувања и да се преземат потребните мерки.“

Осврнувајќи се и на протестите против владата во Иран во последно време, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Пореметувањето на стабилноста во Иран не е во ничија корист, не е во корист и на САД.“



Слични вести