Чавушоглу: Нема да се доживее одреден проблем во испораката на авионите Ф-35 од САД на Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека нема да се доживее одреден проблем во испораката на борбените авиони Ф-35 од САД на Турција

1002604
Чавушоглу: Нема да се доживее одреден проблем во испораката на авионите Ф-35 од САД на Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во програмата на еден приватен телевизиски канал даде значајни изјави во однос на актуелните случувања и истакна дека нема да се доживее одреден проблем во испораката на борбените авиони Ф-35 од САД на Турција.

Чавушоглу рече: „Не постои проблем по прашањето на Ф-35. Американскиот претседател Доналд Трамп ни рече дека ќе ги фрли потребните чекори.“

Наглсувајќи дека нема да се доживее одреден проблем по прашањето на испораката на борбените авиони Ф-35 и во наредниот период, Чавушоглу рече: „Ние авионите Ф-35 ги купивме за нашата воздушна одбрана. Не ги купивме за да би претставувале опасност за било кој наш сојузник.“

Правајќи проценка и на приговорите кои што пристигнаа од САД по прашањето на снабдувањето на Турција со системите за противвоздушна одбрана С-400 од Русија, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го додаде следното: „Покажуваат реакција за тоа зошто ги купивме ракетите С-400 од Русија. Ние побаравме (ракети) од САД, не ни дадоа. Колку е сега праведно да се преиспитува тоа?“

 



Слични вести