Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин: Новиот кабинет ќе биде соопштен на 8 јули

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, во интервју за телевизискиот канал Блумберг со седиште во САД истакна дека новиот кабинет ќе биде соопштен на 8 јули

1001939
Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин: Новиот кабинет ќе биде соопштен на 8 јули

По одржаните претседателски и парламентарни избори на 24 јуни, во неделата, погледите се свртени кон новиот кабинет што ќе се формира.

Високата изборна комисија (ЈСК) се очекува конечните и официјални резултати од изборите да ги соопшти на 5 јули.

На 8 јули во недела пак, ќе се одржи церемонија на полагање заклетва на новите пратеници.

Потоа откако ќе положи заклетва и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе се чека процесот на соопштување на новиот кабинет.

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, во интервју за телевизискиот канал Блумберг со седиште во САД истакна дека новиот кабинет ќе биде соопштен на 8 јули.

Осврнувајќи се и на прашањето во однос на системите за против воздушна одбрана С-400 кои што ќе ги купи Турција од Русија, Калин истакна дека нема враќање од овој договор.

Ибрахим Калин направи проценка и на одлуката на САД кои се повлекоа од постигнатиот нуклеарен договор со Иран и одеа на спроведување економски санкции врз оваа земја, во врска со што истакна дека Турција нема да навлегува во ангажман со кој што би ги довела во ризик своите односи со Иран.



Слични вести