Во воздушна операција на северот на Ирак и кај градот Сиирт се неутрализирани 8 терористи на ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) реализираа нова воздушна операција во подрачјата Авашин-Басјан и Зап во северот на Ирак и во руралното подрачје на градот Сиирт во земјата во која се неутрализирани 8 терористи на ПКК

1000487
Во воздушна операција на северот на Ирак и кај градот Сиирт се неутрализирани 8 терористи на ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат со операциите против сепаратистичко-терористичката организација ПКК како внатре во границите на земјата, така и преку границата во северниот дел на Ирак.

Според објавеното соопштение од Генералштабот, Турските вооружени сили (ТВС) реализираа нова воздушна операција преку границата во подрачјата Авашин-Басјан и Зап во северот на Ирак и внатре во границите на земјата во руралното подрачје на градот Сиирт.

Притоа во оваа воздушна операција беа неутрализирани 8 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести