Во вооружена престрелка со терористите кај градот Кахраманмараш загина еден постар водник

Во вооружена престрелка помеѓу група терористи на ПКК и безбедносните сили во руралното подрачје на градот Кахраманмараш загина еден постар водник, а еден поручник и еден безбедносен чувар се ранети

1001125
Во вооружена престрелка со терористите кај градот Кахраманмараш загина еден постар водник

Во вооружена престрелка помеѓу припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и безбедносните суили во руралното подрачје на градот Кахраманмараш животот го загуби еден постар водник, а еден поручник и еден безбедносен чувар се ранети.

По добиени информации дека во подрачјето на планините Енгизек кај населеното место Чаглајанџерит во близина на градот Кахраманмараш се забележани група терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, безбедносните сили реализираа операција.  

За време на операцијата која беше поддржана и од безбедносни чувари дојде до вооружена престрелка помеѓу групата терористи и безбедносните сили.

Притоа во првиот оган отворен од страна на терористите животот го загуби еден постар водник, а еден поручник и еден безбедносен чувар се ранети. 

На местото на вооружената престрелка беа испратени дополнителни безбедносни сили и здравствени екипи.

Вооружената престрелка продолжува со повремени прекини.



    Слични вести