Пофалби од ЕУ за конструктивната соработка на Турција во однос на мигрантската криза

Во завршната декларација на Советот за општи работи на ЕУ се вели дека Турција е земја кандидат за члество и клучен партнер на Унијата

1000632
Пофалби од ЕУ за конструктивната соработка на Турција во однос на мигрантската криза

Советот за општи работи на ЕУ соопшти дека „конструктивната соработка“ на Турција во однос на мигрантската криза продолжува да дава конкретни резултати и упати пофалби на сметка на како што истакна „значајните напори“ кои што ги води Турција по ова прашање.

Советот за општи работи на ЕУ кој се состана во Луксембург објави завршна декларација во која се прави проценка на состојбата на напредокот во процесот за членство во Унијата на шест земји меѓу кои се и Турција, Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

Во завршната декларација се вели дека Турција е земја кандидат за члество во ЕУ и клучен партнер на Унијата, а воедно се нагласува значењето на соработката со Турција и земјите од Западен Балкан по прашањето на борбата против тероризмот.

Во завршната декларација се наведува дека „конструктивната соработка“ на Турција во однос на мигранстаката криза дава конкретни резултати и се додава дека во тој контекст треба да се продолжи со применување на постигнатиот компропмис меѓу ЕУ и Турција на 18 март 2016 година.

Во завршната декларација се истакнува дека благодарение на овој компромис дојде до сериозно намалување на незаконската миграција и беа спречени случаите на смрт на голем број лица во Егејското Море.

„Советот ги цени значајните напори на Турција која згрижува повеќе од 3,5 милиони бегалци и ги обезбедува потребите на овие луѓе.„ „ се вели во завршната декларација на Советот за општи работи на ЕУ и се додава дека ќе продолжи материјалната и техничката поддршка на ЕУ во оваа сфера.



Слични вести