Чавушоглу: Турција го поддржува реформскиот процес во Украина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција го поддржува територијалниот интегритет на Украина, нејзиниот суверенитет и реформскиот процес во оваа земја

1000927
Чавушоглу: Турција го поддржува реформскиот процес во Украина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на меѓународната конференција за реформа во Украина во главниот град на Данска, Копенхаген, изјави дека допатува во Копенхаген за да ја нагласи поддршката на Турција на територијалниот интегритет на Украина, нејзиниот суверенитет и реформскиот процес во оваа земја.

Чавушоглу истакна дека реформскиот процес во Украина е од стратешко значење.

Привлекувајќи внимание кон тоа дека успехот на реформите кои што ќе ги спроведува Украина се од стратешко значење за секого, Мевлут Чавушоглу својот говор го продолжи со следните зборови: „Бидејќи, сакаме Украина да застане цврсто на своите нозе. Доколку реформскиот процес не биде успешен тоа не може да се оствари. Никогаш не е лесно да се реализираат обемни реформи. Тоа го знам и од мојата земја. заедно со тоа онака како што неуспехот на реформите  не претставува алтернатива, не се доволни и делумно успешните реформи.“

„Ако погледнеме од позитивен аспект, главната покренувачка сила зад реформскиот процес е волјата на украинскиот народ.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и го подвлече следното: „Другата позитивна страна пак е пожртвуваноста на украинската влада.“

Чавушоглу додаде дека актуелната влада на Украина е решителна и дека поправањето на случувањата во Домбас и на Крим поминува од Украина во која ќе бидат реализирани реформи и која ќе постигне просперитет.



Слични вести