Најмалку 24 терористи на ПКК се неутрализирани минатата недела во Турција

Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека Турските вооружени сили (ТСК) спровеле 2.945 антитерористички операции во периодот од 18 до 25 јуни со помош на копнените и воздушните сили.

999466
Најмалку 24 терористи на ПКК се неутрализирани минатата недела во Турција

Најмалку 24 терористи на терористичката организација ПКК се неутрализирани како дел од антитерористичките операции низ цела Турција во текот на изминатата недела.

Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека Турските вооружени сили (ТСК) спровеле 2.945 антитерористички операции во периодот од 18 до 25 јуни со помош на копнените и воздушните сили.

Министерството нагласи дека 12 од терористите се убиени, седум се заробени, додека пет се предале на властите.

Безбедносните сили уништиле засолништа и неколку пештери и импровизирани експлозивни направи, за време на операциите во југоисточните турски области Дијарбакир, Ширнак, Хакќари и Ван.

Во текот на операциите, безбедносните сили уапсиле 256 осомничени лица за кривични дела поврзани со тероризмот и 3.973 други лица поради криумчарење мигранти и трговија со дрога, додека 72 лица се задржани поради нелегална миграција. Покрај тоа, тие запленија 24 пиштоли и 560 парчиња разна муниција.

 



Слични вести