Заврши чинот на гласање на претседателските и парламентарните избори во Турција

Турските граѓани регистрирани во списокот на гласачи почнувајќи од 08:00 наутро часот до 17:00 часот приквечер според турско време своето право на глас го употребија во вкупно 180 илјади 65 поставени гласачки кутии во земјата

998575
Заврши чинот на гласање на претседателските и парламентарните избори во Турција

Заврши чинот на гласање за претседателските и парламентарните избори за избор на 27-от состав на собранието во Турција.

Турските граѓани регистрирани во списокот на гласачи почнувајќи од 08:00 часот според турско време своето право на глас го употребија во вкупно 180 илјади 65 поставени гласачки кутии во земјата.

Исто така заврши чинот на гласање и за турските државјани регистрирани во списокот на гласачи во странство кои пак почнаа да гласаат од 7 јуни во различни земји ширум светот и на граничните рпемини каде што гласањето заврши денеска во 17:00 часот спроед турско време.

Гласовите на турските државјани кои гласаа во странство во 60 земји и 123 дипломатско-конзуларни претставништва на Турција на почетокот на неделата беа донесени во земјава.

Денеска во Турција се гласаше од 08:00 часот наутро до 17:00 часот приквечер по што се гласачките кутии се затворени и се премина кон пребројување на гласовите.

Инаку, на претседателските и парламентарните избори за избор на 27-от состав на собранието во Турција се натпреваруиваат шест мина кандидати за претседател и вкупно 8 политички партии од кои 2 партии Партијата за правда и развој АКП (АК Партија) и Партијата за националистичко движење МХП го сочинуваат Сојузот Џумхур, додека Републиканската народна партија (ЏХП), Партијата Саадет (СП) и Партијата ИЈИ го сочинуваат Сојузот Народ.

Четири политички партии пак учествуваат сами на изборите и тоа  ХУДА-ПАР, Партијата Ватан, Демократската партија на народите (ХДП) и Партијата за независна Турција (БТП).

Резултатите од изборите ќе почнат да се објавуваат по 21:00 часот според турско време.

Доколку пак Високиот изборен совет (ЈСК) одлучи резултатите ќе можат да се објавуваат и пред 21:00 часот.

 



Слични вести