Во северот на Ирак и кај Хаќќари се неутрализирани 11 терористи на ПКК

Во воздушни операциии во подрачјето на Зап во северниот дел на Ирак и внатре во земјата во руралното подрачје на градот Хаќќари се неутрализирани 11 припадници на сепаратисичко-терористичката организација ПКК

998530
Во северот на Ирак и кај Хаќќари се неутрализирани 11 терористи на ПКК

Во реализирани воздушни операциии преку границата преку границата во подрачјето на Зап во северниот дел на Ирак и внатре во земјата во близина на ирачката граница во руралното подрачје на градот Хаќќари се неутрализирани 11 припадници на сепаратисичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на сметката на Генералштабот преку социјалната мрежа Твитер се истакнува дека е реализирана воздушна операција преку границата во подрачјето на Зап во северниот дел на Ирак и внатре во земјата во близина на ирачката граница во руралното подрачје на градот Хаќќари.

Притоа во операцијата се неутрализирани 7 припадници на сепаратисичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од губернијата на Хаќќари пак се вели дека од страна на беспилотно летало ИХА во подрачјето Арсан на планините Бузул се утврдени четворица припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во истото соопштение се додава дека во реализираната воздушна операција овие четворица терористи се неутрализирани и се подвлекува дека едниот од овие терористи бил таканаречен висок одговорен функционер на терористичката организација.



Слични вести