Претседателот Ердоган реизбран за претседател на Турција

Преброени се над 98 насто од гласовите на претседателските избори и 98 насто од парламентарните избори во Турција и според тоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е реизбран за претседател на државата, а на парламентарните избори победи Сојузот Џумхур

998881
Претседателот Ердоган реизбран за претседател на Турција

На претседателските и парламентарните избори во Турција досега се преброени над 98 насто од гласовите.

Според неконечните и неофицијални резултати процентот на освоени гласови на кандидатите за претседател гласи вака:

- Мухаррем Инџе: 30,76 насто

- Мерал Акшенер: 7,37 насто

- Реџеп Тајјип Ердоган: 52,51 насто

- Селахаттин Демирташ: 8,31 насто

- Темел Карамоллаоглу: 0,89 насто

- Догу Перинчек: 0,20 насто

 

На парламентарните избори се преброени 98 насто од гласовите и според неконечните и неофицијални резултати процентот на освоени гласови гласи вака:

 

- СОЈУЗОТ ЏУМХУР: 53,63 насто

... Партија за правда и развој АКП (АК Партија): 42,42 насто

... Партија за националистичко движење (МХП): 11,16 насто

 

- СОЈУЗОТ НАРОД: 34,15 насто

... Републиканска народна партија (ЏХП): 22,73

... ИЈИ Партија: 10,06 насто

... Саадет Партија: 1,36 насто

 

- Демократска партија на народите (ХДП): 11,54 насто

- Други: 0,55 насто

Одзивот на турските гласачи на претседателските и парламентарните избори изнесува околу 86,72 насто што претставува прилично висок процент на излезеност на изборите.

 

ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ И ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ТУРЦИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ: http://185.107.46.126/?lang=eshttp://185.107.46.126/milletvekili-genel-secimi-genel-sonuclar.php



Слични вести