Честитки од светските лидери до претседателот Ердоган за победата на изборите

По објаувањето резултатите од претседателските и парламентарните избори во Турција со што веќе е познат и победникот лидерите од различни земји го побараа претсеадтелот Реџеп Тајјип Ердоган на кого му честитаа за извојуваната победа

998766
Честитки од светските лидери до претседателот Ердоган за победата на изборите

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев го побара по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на кого му честита за извојуваната победа на изборите.

Според објавеното соопштение од претседателството на Азербејџан, претседателот Алиев го побара по телефон претседателот Ердоган до кого ги достави своите честитки по повод извојуваната победа на изборите.

Во телефонскиот разговор азербејџанскиот претседател Илхам Алиев истакна дека Турција се разви уште повеќе под лидерството на Ердоган, постигна големи успеси во економската сфера и уште повеќе ја зајакна својата позиција на меѓународната арена, по што му посака успех.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така му се заблагодари на претседателот Илхам Алиев за посветеното внимание и честитката.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, макеоднскиот претседател Ѓорге Иванов, српскиот претседател Александар Вучиќ, пакистанскиот претседател Мемнун Хусејин, претседателот на Узбекистан Шафкат Мирзијојев, катарскиот емир Тамим Бин Хамад Ал-Тани, кувајтскиот емир Сабах Ал-Ахмед Ал-Џабир Ал-Сабах, суданскиот претседател Омер Ал-Бешир,  албанскиот премиер Еди Рама, унгарскиот премиер Виктор Орбан исто така го побараа по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на кого му честитаа за извојуваната победа на изборите.

Други личности кои му честитаа на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за победата на изборите беа и  вршителот на должноста пастријарх на Ермените во Турција Арам Атешјан, католичкиот духовен лидер Левон Зекијан, претседателот на Унијата на ерменските вакафи Бедрос Шириноглу и главниот рабин на Евритер Исхак Халева, претседателот на турската еврејска заедница Исхак Ибрахимзадех.



Слични вести