Ердоган синоќа беше гостин во заедничка тв програма на ТРТ 1, ТРТ Хабер и ТРТ Ворлд

Претседателот Р. Т. Ердоган истакна дека тогаш кога дојде на власт неговата партија Турција можеше да обезбедува 20 насто од своите потреби во одбранбената индустрија, додека денеска овој процент е зголемен на 65 насто

997870
Ердоган синоќа беше гостин во заедничка тв програма на ТРТ 1, ТРТ Хабер и ТРТ Ворлд

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа беше гостин во програмата „Избори специјално“ која се емитуваше заеднички на телевизиските екрани на ТРТ 1, ТРТ Хабер и ТРТ Ворлд каде што одговараше на прашања во врска со актуелниот дневен ред.

Претседателот Ердоган истакна дека тогаш кога дојде на власт неговата партија Турција можеше да обезбедува 20 насто од своите потреби во одбранбената индустрија, додека денеска овој процент е зголемен на 65 насто. 

Нагласувајќи дека во економијата особено е од мошне големо значење процентот на раст од 7,4 насто, Ердоган напомена дека според овој процент на економски раст Турција е на второ место меѓу земјите од групата на Г-20 после Индија, а на прво место меѓу земјите на Организацијата за економска соработка и развој на Европа ОЕЦД.

Претседателот Ердоган истакна дека Турција по прашањето на невработеноста веќе е дојдена до најнизок процент во последно време и дека се согледува пад во сериозна смисла и во невработеноста кај младите.

Ердоган потсети дека во операцијата Маслиново гранче која што се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјето на Африн во Сирија, досега се неутрализирани над 4.600 припадници на сепаратистичко-терористиочката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ.

Велејќи дека подрачјето на Африн во Сирија е ставено под контрола со 12 набљудувачки пунктови, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно потсети дека со имплементацијата на патната карта за Менбич во Сирија терористичката организација ПЈД/ЈПГ целосно ќе го испразни и ова подрачје.

 



Слични вести