Чавушоглу: Патната карта за Менбич ќе влијае позитивно на односите помеѓу Турција и САД

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“ истакна дека патната карта за Менбич за која што се договорија Турција и САД ќе влијае позитивно на односите на двете земји

997852
Чавушоглу: Патната карта за Менбич ќе влијае позитивно на односите помеѓу Турција и САД

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“ направи проценка на актуелниот дневен ред.

Чавушоглу истакна дека патната карта за Менбич за која што се договорија Турција и САД ќе влијае позитивно на односите на двете земји.

Мевлут Чавушоглу рече: „Зацртаниот пат за гарантирање на безбедноста на Менбич ќе помогне во повторното воспоставување на довербата која што за жал беше изгубена поради поддршката на САД на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Велејќи дека Турција засега нема да се повлече од Сирија, Чавушоглу привлече внимание на опасноста дека доколку турската војска се повлече од регионот терористичките организации би можеле повторно да влезат во овие области исчистени од тероризмот.

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу подвлече дека и покрај јасното противење на некои земји членки на Европската унија (ЕУ) членството на Турција во унијата сеуште е нејзина стратешка цел.

„Ние сакаме да купиме воздушно-одбранбен систем, меѓутоа доколку Америка поради Конгресот не ни продава ракети Патриот не може да ја спречи Турција таквите ракети да ги купи од друг.“ - рече Чавушоглу.

Потсетувајќи дека Грција располага со ракетни системи С-300, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу нагласи дека земјите на НАТО не создаваат проблем во врска со тоа, додека во врска со купувањето на воздушно-одбранбениот систем С-400 од Русија го рече следното: „Добивме гаранција по прашањето на тоа дека С-400 нема да претставуваат закана.“



Слични вести