За една недела кај Ширнак и во северот на Ирак се неутрализирани 87 терористи на ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) во периодот од 15 до 21 јуни, за една недела, во подрачјето на градот Ширнак внатре во границите на земјата и преку границата во северниот дел на Ирак, неутрализираа 87 терористи на ПКК

997782
За една недела кај Ширнак и во северот на Ирак се неутрализирани 87 терористи на ПКК

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во периодот од 15 до 21 јуни, за една недела, во подрачјето на градот Ширнак внатре во границите на земјата и преку границата во северниот дел на Ирак се неутрализирани 87 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според доставеното неделно информирање од страна Генералштабот, непрекинато продолжуваат операциите од среден обем во подрачјето на градот Ширнак внатре во границите на земјата и на северот на Ирак преку границата на локации кои од страна на терористичката организација ПКК/КЏК се употребуваат како места за засолнување и маршрута за префрлување во Турција. 

Во операциите се неутрализирани 87 терористи на ПКК и се запленети големи количини на оружје и муниција на терористите, а се уништени и 127 експлозивни направи од рачна изработка, 12 наоружани позиции, засолништа и скривници.

Во меѓувреме бројот на неутрализираните терористи во операцијата Маслиново гранче која беше започната од страна на Турските вооружени сили (ТВС) на 20 јануари во подрачјето на Африн во Сирија, досега се зголеми на 4.509 терористи. 

 



Слични вести