Турските војници ја завршија третата етапа од патролирањето во Менбич во Сирија

Оклопни возила на Турските вооружени сили (ТВС) координирано и со САД но независно ја реализираа и третата етапа од патролирањето во подрачјето на Менбич во Сирија

997688
Турските војници ја завршија третата етапа од патролирањето во Менбич во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на активностите за исчистување на подрачјето на Менбич во Сирија од сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК ја завршија третата етапа од патролирањето во подрачјето.

Оклопни возила на Турските вооружени сили (ТВС) координирано и со САД но независно ја реализираа третата етапа од патролирањето околу реката Саџу помеѓу Џераблус во подрачјето на операцијата Еуфратски штит и  на фронтовата линија во Менбич во северниот дел на Сирија.

Првата етапа од патролирањето во подрачјето на Менбич беше реализирана на 18 јуни, а втората на 20 јуни.

Инаку, Турција и САД пред извесно време постигнаа согласност за повлекување на ЈПГ/ПКК од окупираното  подрачје на Менбич, западно од реката Еуфрат во северниот дел на Сирија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Мајк Помпео на остварената средба на 4 јуни ја одобрија патната карта која што го содржи и воспоставувањето на безбедноста и стабилноста во подрачјето на Менбич.

Планот воедно предвидува и започнување на заеднички контроли од страна на Турција и САД со свои воени и разузнавачки единици во подрачјето.

Освен тоа се предвидува по излегувањето на терористите од Менбич во подрачјето да се формира управа од локални елементи.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со поддршка на САД во август 2016 година го зазеде од терористичката организација ДЕАШ и го окупира подрачјето на Менбич кај градот Алепо во северниот дел на Сирија. 

Населението на Менбич повеќе од 90 насто го сочинуваат Арапи.

 



Слични вести