Чавушоглу: Цел на операцијата на Кандил во Ирак е да се пресуши терористичкото мочуриште

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека турските војници со сигурни чекори напредуваат во подрачјето на планината Кандил во северниот дел на Ирак и подвлече дека се има за цел да се пресуши терористичкото мочуриште

997465
Чавушоглу: Цел на операцијата на Кандил во Ирак е да се пресуши терористичкото мочуриште

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата на Турската радио и телевизија ТРТ каде што направи проценка на актуелниот дневен ред.

Чавушоглу истакна дека турските војници со сигурни чекори напредуваат во подрачјето на планината Кандил во северниот дел на Ирак и подвлече дека се има за цел да се пресуши терористичкото мочуриште.

Нагласувајќи дека успешно продолжува операцијата која што се реализира против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето на планината Кандил, Чевушоглу напомена дека цел на операцијата на Кандил е да се пресуши мочуриштето.

Мевлут Чавушоглу во своите изјави направи проценка на планот за кој што е постигнат компромис со САД за исчистување на подрачјето на Менбич во Сирија од тероризмот и предавање на управата во ова подрачје на локалниот народ, во врска со што нагласи дека подрачјето на Менбич е значајно за иднината на Сирија и дека не е доживеан никаков проблем по прашањето на имплементацијата на патната карта.  

Чавушоглу рече: „ЈПГ ќе се повлече од Менбич. Нас не интересира ЈПГ/ПКК. Во суштина ова што го правиме е многу добро и за сириските Курди. Ние правиме многу голема добрина и за оние кои се наоѓаат во Турција и не можат да се вратат во овие подрачја и за оние чии имоти се одземени.“

Нагласувајќи дека патната карта за Менбич е мнотгу значајна за иднината на Сирија, Чавушоглу истакна дека САД треба да бидат искрени во однос на планот за Менбич.

„Треба да продолжиме со имплементацијата на искрен начин, до моментов нема никаков проблем. САД пред очите на целиот свет и дадоа оружје на ЈПГ/ПКК со полни ТИР камиони. Ние нема директно да ја земеме за наш соговорник ЈПГ/ПКК. Дали ЈПГ/ПКК излезе со оружје или без оружје, тоа ќе го видиме. Ќе влеземе внатре во Менбич, празнината по повлекувањето на ЈПГ/ПКК за привремено ќе ја пополнат турските и американските војници. ЈПГ го продава оружјето и на режимот и на другите групи.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести