Од извештајот на Европол: Терористичката организација ПКК, логистичка база на Европа

Извештајот на Европската полициска агенција Европол стави до знаење како сепаратистичко-терористичката организација ПКК ја искористува курдската дијаспора во Европа како средство за пренесување на конфликтот на континентот

996361
Од извештајот на Европол: Терористичката организација ПКК, логистичка база на Европа

Потврдено и документирано и со извештај како сепаратистичко-терористичката организација ПК ја користи Европа.

Извештајот на Европската полициска агенција Европол под наслов „Европската унија (ЕУ), состојбата и трендот на тероризмот 2018“ стави до знаење како сепаратистичко-терористичката организација ПКК ја искористува курдската дијаспора во Европа како средство за пренесување на конфликтот на континентот. 

Во извештајот се вели следното: „ПКК ја користи Европа како логистичка база за снабдување со оружје и собирање на членови“.

Во извештајот се наведува дека ПКК за финансирање на своите активности продолжува систематски и присилно да собира данок на териториите на ЕУ и дека организацијата со таа цел формира и свои параван фирми во ЕУ.

Од друга страна во извештајот на Европол се информира дека терористичката организација за обезбедување на материјална добивка реализира и кривични активности.

Во извештајот се истакнува дека ПКК со организацијата по име „Komalen Ciwan“ ги привлекува младите кон терористичката организација и се вели следното: “Младите кои стануваат членови на организацијата се испраќаат во ’кампови за перење на мозокот“ во места далеку од нивните семејства под контрола на таканаречените високи членови на ПКК. Потоа на овие млади во воени кампови кои се наоѓаат во Ерменија, Иран и Ирак им се дава воена обука.“

Во извештајот стои дека членовите на ПКК во Франција, Германија и Холандија се осудувани поради различни кривични дела како што се членување во терористичка организација, финансирање на тероризмот, перење на пари и собирање членови за организацијата.

Се напоменува дека во Франција 8 лица членови на терористичката организација ПКК беа осудени и прогласени за виновни за финансирање на тероризмот и се вели дека ПКК во 2017 година собрала пари во износ од приближно 6 милиони евра.

Во извештајот на Европол се истакнува дека една друга терористичка организација ДХКП-Џ за која што се нагласува дека продолжува да делува активно во Турција и Европа, не реализира напади во Европската унија (ЕУ), меѓутоа се подвлекува и тоа дека оваа терористичка организација ја зачувува својата мрежа во некои земји на ЕУ со која што обезбедува финансиска и логистичка поддршка за своите операции во Турција.



Слични вести