Министерот за ЕУ Омер Челик: Екстремната десница е ДЕАШ на Европа

Министерот за ЕУ Омер Челик предупреди дека подемот на есктремната десница во Европа би можела да стане причина за појава на „формација слична на терористичката организација ДЕАШ, специфична за Западот“

996991
Министерот за ЕУ Омер Челик: Екстремната десница е ДЕАШ на Европа

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик во дадена изјава за новинската агенција Анадолија предупреди дека подемот на есктремната десница во Европа би можела да стане причина за појава на „формација слична на терористичката организација ДЕАШ, специфична за Западот“.

Критикувајќи ја поддршката на европските влади на екстремната десница, министерот Челик рече: „Тогаш кога ќе ја издигнат екстремната десница труејќи ги притоа сопствените општества ќе се соочат со прашање исто како што е ДЕАШ. Екстремната десница е ДЕАШ на Европа. Австрија има расистички премиер (Себастијан Курц) непријател на исламот кој ги брка имигрантите од неговата земја, се обидува да ги спречи луѓето со жичани огради и армии“.

Министерот Омер Челик направи проценка и на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) при што истакна дека ЕУ не располага со надвласт со која што би им одржувала етичка и политичка лекција на другите по прашањето на приврзаноста кон договорите.

Велејќи дека Турција инвестираше многу по прашањето на ЕУ, Челик привлече внимание дека со таа цел се реализирани голем број реформи.

Министерот Омер Челик изнесе проценки и во врска со иницијативата за спречување на испораката на воените авиони Ф-35 од САД и го рече следното: „Евангелистичкото лоби се обидува тоа да го претвори во вид политичка уцена.“

 



Слични вести