Калин: Не е точно тврдењето дека одлуката за предвремени избори е донесена поради економски причини

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин, ги демантираше тврдењата на меѓународна арена околу тоа дека одлуката за предвремени избори беше донесена поради економски причини и напомена дека оваа одлука беше донесена заедно со опозицијата

996735
Калин: Не е точно тврдењето дека одлуката за предвремени избори е донесена поради економски причини

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, даде интервју за телевизискиот канал ТРТ Ворлд на англиски јазик на Турската радио и телевизија ТРТ.

Калин ги демантираше тврдењата на меѓународна арена околу тоа дека одлуката за предвремени избори беше донесена поради економски причини.

Ибрахим Калин истакна дека не е точно тврдењето кое што се појави во странските медиуми околу тоа дека одлуката за предвремени избори беше донесена поради економски причини и напомена дека оваа одлука беше донесена заедно со опозицијата.

Нагласувајќи дека некои средини се обидуваат да формираат негативна перцепција во врска со економијата, Калин привлече внимание кон бројките на раст на Турција.

„Бројките се јасни. Минатата година Турција долови процент на раст од 7,4 насто. И оваа година во првата четвртина достигнавме до целта. Тоа покажува дека турската економија е на прав пат. Економијата на земјата повремено се разбранува повеќе поради надворешни влијанија. Меѓутоа со својата силна економија беше подложена на многу мало влијание од овие влијанија.“ - рече Калин.

„Одлуката за предвремени избори беше донесена во усогласеност со опозицијата“, напомена портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин и го додаде следмното: „Сетете се, одлуката за предвремени избори не пристигна од нас туку од една опозициона партија. Една друга опозициона партија пак ја поддржа оваа одлука и на тој начин донесовме одлука за предвремени избори. Да не го сакаа тоа ќе ја отфрлеа оваа одлука. Ќе речеа го сакаме месец ноември 2019.“



Слични вести