Јилдирим ги предупреди западните земји да не кројат било каков злонамерен план на Блискиот исток

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека западните земји се обидуваат да ги провоцираат и искористат Курдите на Блискиот исток и ги предупреди овие земји да не кројат било каков злонамерен план

996864
Јилдирим ги предупреди западните земји да не кројат било каков злонамерен план на Блискиот исток

Премиерот Бинали Јилдирим беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал каде што одговараше на прашања посветени на актуелниот дневен ред.

Осврнувајќи се на борбата против тероризмот, премиерот Јилдирим рече: „Во северниот дел на Ирак е реализирана операција за расчистување на простор од 400 квадратни километри, нашите војници ги продолжуваат своите активности.“ 

Јилдирим истакна дека откако терористите членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК беа силно приклештени во подрачјето на Кандил кое беше бомбардирано со воздушна операција избегаа на иранска страна, а откако беа приклештени таму преминаа на ирачка страна.

Во врска со прекуграничните операции кои што се реализираат на подрачјето на планината Кандил, Јилдирим рече: „Не станува збор за било каков проблем со Иран по ова прашање.“

Осврнувајќи се и на односите со САД, премиерот Бинали Јилдирим напомена дека според реализираните истражувања помалку од 20 насто од граѓаните имаат доверба во САД и рече: „Перцепцијата кон САД кај јавноста падна до дното, односно е помала од 20 насто. Ова е мошне очајна состојба. Ние не сме оние кои ќе го поправат тоа од аспект на односите, туку тоа ќе го сторат САД.“

Појаснувајќи дека со САД е започната соработка по прашањето на исчистувањето на подрачјето на Менбич во Сирија од тероризмот, Јилдирим рече: „Тоа претставува добар развој. Во спротивно ќе можеше да дојде до позатегнато и пожешко среќавање.“

Бинали Јилдирим воедно рече дека западните земји се обидуваат да ги провоцираат и искористат Курдите на Блискиот исток и ги предупреди овие земји да не кројат било каков злонамерен план.

Велејќи дека империјалистичките сили се обидуваат да формираат терористичка држава на јужните граници на Турција, премиерот Бинали Јилдирим го додаде следното: „Целта во тоа е да се елиминира ефикасната политика на Турција во регионот и да се задоцни будењето на експлоатираните угнетени и невини народи во регионот. Тоа пак се обидуваат да го направат над крвта и животот на нашите курдски браќа.“



Слични вести