Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 10 терористи на ПКК

Турски воени авиони во реализирана воздушна операција на северот на Ирак уништија терористички цели кои биле користени како наоружена позиција, засолниште, скривница и магацин за муниција и неутрализираа 10 терористи на ПКК

996236
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 10 терористи на ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) реализираа воздушна операција во подрачјата Авашин-Басјан и Синат Хафтанин во северниот дел на Ирак каде што беа неутрализирани 10 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Генералштабот, во подрачјата Авашин-Басјан и Синат Хафтанин на северот на Ирак е реализирана воздушна операција.

Во операцијата реализирана од страна на воени авиони на турските воздушни сили беа уништени терористички цели кои биле користени од страна на терористите како наоружена позиција, засолниште, скривница и магацин за муниција и притоа беа неутрализирани 10 терористи на ПКК.



Слични вести