Во ракетен напад на терористите на ПКК кај Хаќќари загинаа двајца турски војници

Во руралното подрачје на населеното место Чукурџа кај градот Хаќќари припадници на терористичката организација ПКК извршија ракетен напад врз воени возила и во нападот животот го загубија двајца турски војници, а еден војник е ранет

996015
Во ракетен напад на терористите на ПКК кај Хаќќари загинаа двајца турски војници

Во реализиран ракетен напад од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје на населеното место Чукурџа кај градот Хаќќари во југоисточниот дел на земјата животот го загубија двајца турски војници, а еден војник е ранет.

Во објавеното соопштение од губернијата на Хаќќари се истакнува дека во 10:30 часот според турско време од подрачјето на Долабарен  Тепе од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК е реализиран ракетен напад врз воени возила.

Во соопштението се вели дека во нападот животот го загубија двајца турски војници, а еден војник е ранет.

Продолжува операцијата поддржана и од воздух против припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето.



Слични вести