Турските вооружени сили го започнаа второто патролирање во Менбич во Сирија

Оклопни возила на Турските вооружени сили (ТВС) влегоа во областа околу реката Саџу која што ги разграничува населеното место Џераблус во подрачјето на операцијата Еуфратски штит и линијата на фронтот во подрачјето на Менбич

996082
Турските вооружени сили го започнаа второто патролирање во Менбич во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на активностите за исчистување на подрачјето на Менбич во Сирија од сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК го започнаа второто патролирање во подрачјето.

Оклопни возила на Турските вооружени сили (ТВС) влегоа во областа околу реката Саџу која што ги разграничува населеното место Џераблус во подрачјето на операцијата Еуфратски штит и линијата на фронтот во подрачјето на Менбич.

Едновремено со Турските вооружени сили (ТВС) активности за патролирање реализираат и воените единици на САД наспроти населеното место Дадат.

Првото патролирање беше реализирана на 18 јуни.  

Турција и САД пред извесно рвеме постигнаа согласност за повлекување на ЈПГ/ПКК од подрачјето на Менбич што го окупира западно од реката Еуфрат во северниот дел на Сирија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Мајк Помпео на остварената средба на 4 јуни ја одобрија патната карта која што го содржи и воспоставувањето на безбедноста и стабилноста во подрачјето на Менбич.

Планот воедно предвидува и започнување на заеднички контроли од страна на Турција и САД со свои воени и разузнавачки елементи во подрачјето.

Освен тоа се предвидува по излегувањето на терористите од Менбич во подрачјето да се формира управа од локални елементи.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со поддршка на САД во август 2016 година го зазеде од терористичката организација ДЕАШ и го окупира подрачјето на Менбич кај градот Алепо во северниот дел на Сирија. 

Населението на Менбич повеќе од 90 насто го сочинуваат Арапи.



Слични вести