Пентагон: Два воени авиони Ф-35 утре свечено ќе и бидат предадени на Турција

Портпаролот на Пентагон Мајк Ендрјус истакна дека на 21 јуни во четврток (утре) во Форт Ворт во сојузната држава Тексас ќе се одржи церемонија за Турција на која ќе и бидат предадени два воени авиони Ф-35, од петтата геенрација борбени авиони

995560
Пентагон: Два воени авиони Ф-35 утре свечено ќе и бидат предадени на Турција

Американскиот секретаријат за одбрана Пентагон соопшти дека два воени авиони Ф-35, од петтата генерација биорбени авиони, утре (21 јуни, четвтрок) ќе и бидат предадени на Турција со церемонија која ќе се одржи во градот Форт Ворт во сојузната држава Тексас.

Портпаролот на Пентагон Мајк Ендрјус истакна дека на 21 јуни во четврток (утре) во Форт Ворт ќе се одржи церемонија за Турција и дека авионите во прва етапа ќе полетаат за базата на Воздухопловните сили Лук во Аризона каде што наскоро ќе започне обуката за летање за турските пилоти на Ф-35 и на посадата за одржување на авионите.

Велејќи дека нема да коментира во врска со нацрт-одлуката на Сенатот со која се блокира продажбата на воените авиони Ф-35 на Турција, портпаролот Мајк Ендрјус рече: „Турција е едната од најзначајните сојузнички земји на НАТО и од 2002 година досега е едниот од меѓународните учесници на програмата за производство на воените авиони Ф-35.“

Инаку, за да стапи во сила усвоената одлука од страна на Сенатот на САД истата треба да помине и од Претставничкиот дом и потоа да биде одобрена од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.



Слични вести