Боздаг: Управата на САД е одговорна за прекршувањата на човековите права

Вицепремиерот и портпарол на валадата Бекир Боздаг истакна дека управата на САД е одговорна за прекршувањата на човековите права

996244
Боздаг: Управата на САД е одговорна за прекршувањата на човековите права

Вицепремиерот и портпарол на валадата Бекир Боздаг во програмата на еден приватен телевизиски канал направи проценка на актуелниот дневен ред и притоа ја критикуваше одлуката на САД за повлекување од Советот за човекови права на ОН (УНХЦР).

Боздаг истакна дека управата на САД е одговорна за прекршувањата на човековите права.

Бекир Боздаг, одлуката на САД ја оцени како предрасуда и рече: „Тоа што САД како причина ја наведуваат предрасудата кон Израел покажува дека располагаат со вистинска предрасуда.“

Велејќи дека светот е вознемирен од зулумот што го врши Израел против Палестинците, Боздаг рече: „Израел ги прекршува човековите права, врши измачувања, ги убива децата, жените, невините луѓе и луѓето кои не држат оружје во својата рака. 90 насто од луѓето во светот прифаќаат дека Израел не ги почитува човековите права, ги прекршува човековите права и врши зулум.“

Нагласувајќи дека држава број еден во светот по прашањето на прекршувањата на човековите права е Израел, вицепремиерот и портпарол на валадата Бекир Боздаг рече: „Исто така и овој став на САД претставува неограничена поддршка што ја даваат на прекршувањата на човековите права од страна на Израел. И управата на САД е одговорна за прекршувањата на човековите права.“



Слични вести