Роналдо навистина е посебен

Претседателот Ердоган одговори на прашањата на новинарите во врска со изборот меѓу фаворититее Роналдо и Меси

995185
Роналдо навистина е посебен

Во рамките на програмата „Средба на младите и технологијата“ што се одржа во зградата на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) и која се објавуваше во живо преку социјалните мрежи, претседателот Реџеп Тајип Ердоган во живо и директно одговараше на прашањата на младите.

Ердоган одговараше на прашањата во врска со претпоставките за Светското првенство во фудбал 2018 на ФИФА што се одржува во Русија. На прашањето во врска со фаворитот за СП, Ердоган рече: Најпрвин рековме Германија, ама се излажавме. Бидејќи уште на првиот натпревар беше поразена. Затоа шансите и паднаа. Моментално сите силни репрезентации доживуваат порази. Очигледна е и состојбата на Бразил. Мексико приреди големо изненадување. Не знам дали ќе продолжи со истото темпо.

На прашањето во врска со споредбата меѓу аргентинскиот фудбалер Лајонел Меси и португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, Ердоган упати пофални зборови на сметка на португалскиот фудбалер на натпреварот со Шпанија.

Иако Португалија на крајот на натпреварот ремизираше со 3-3, Ердоган не можеше да го сокрие восхитувањето кон овој фудбалер.

На прашањето: Кој е поголем фаворит, Меси или Роналдо?, Ердоган рече: Роналдо навистина е посебен. Особено хет-трикот што го постигна на натпреварот со Шпанија е многу значаен настан. Слободниот удар е неспорен. Перформансот, карактерот, вербата што ги покажа на терен, особено неговиот став кон Палестина се многу значајни поради што посебно му честитам, рече Ердоган.



Слични вести