Телефонски разговор помеѓу претседателот Ердоган и катарскиот емир Ал Тани по повод Рамазан Бајрам

Според добиени информации од извори на кабинетот на претседателот, во остварениот телефонски разговор по повод Рамазан Бајрам освен меѓусебното честитање на Бајрам стана збор и за билатерални и регионални прашања

993191
Телефонски разговор помеѓу претседателот Ердоган и катарскиот емир Ал Тани по повод Рамазан Бајрам

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод Рамазан Бајрам водеше телефонски разговор со катарскиот емир Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани.

Според добиени информации од извори на кабинетот на претседателот, во остварениот телефонски разговор по повод Рамазан Бајрам освен меѓусебното честитање на Бајрам стана збор и за билатерални и регионални прашања. 

Претседателот Ердоган и катарскиот емир Ал Тани ја потврдија одлучноста по прашањето и на развојот уште повеќе на билатералните односи, а воедно нагласија дека будеше задоволство и усвојувањето на нацрт-резолуцијата од страна на Генералното собрание на ОН во која  се бара заштита за палестинскиот народ.

Од друга страна, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера водеше телефонски разговори и со саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд, палестинскиот претседател Махмуд Абас и пакистанскиот претседател Мемнун Хусејин на кои исто така им го честита Рамазан Бајрам.



Слични вести