Германскиот печат тврди дека бегалецот на ФЕТО Адил Оксуз бил однесен на друго „безбедно“ место

Според вестите во германскиот печат, бегалецот на ФЕТО Адил Оксуз за кого беше обелоденето дека се наоѓа во германскиот главен град Берлин оттука бил однесен на друго безбедно место

993427
Германскиот печат тврди дека бегалецот на ФЕТО Адил Оксуз бил однесен на друго „безбедно“ место
adil oksuz almanya ev.jpg

Во германскиот печат беше поставено на дневен ред едно мошне впечатливо тврдење во врска со Адил Оксуз, бегалецот на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) обвинет за обидот за преврат на 15 јули 2016 година.

Според вестите во германскиот печат, Адил Оксуз за кого беше обелоденето дека се наоѓа во германскиот главен град Берлин оттука бил однесен на друго „безбедно“ место. 

Во вестите се тврди и тоа дека германското министерство за правда одбива да го уапси и предаде Адил Оксуз на Турција.

Во веста објавена во весникот „Франкфуртер Рундшау“ се вели дека Адил Оксуз престојувал во Neukölln во Берлин и се тврди дека оттука од страна на службеници на одделот за државна безбедност во Берлин бил однесен на друго „безбедно“ место. 

Весникот „Дер Тагешпигел“ исто така напиша дека германските безбедносни единици се однесуваат воздржано по ова прашање, но воедно беше споделена и информацијата дека одделот за државна безбедност на криминалната служба на покраината Берлин „презел мерки во врска со заштитата на ова лице“.

Во истата вест се истакнува дека не е познато дали оваа мерка за заштита се презема долго време или пак почна да се презема по соопштувањето на адресата на која престојува.

Во веста се наведува дека германските органи веќе долго време знаат за ова лице кое се засолна во Германија и се потсетува дека Турција по ова лица (Адил Оксуз) распиша потерница преку Интерпол за негово апсење.  

Во истата вест се тврди дека федералното министерство за правда одбива да го уапси и прададе Адил Оксуз.

Исто така внимание привлекува и тоа што во веста се употребува изразот „Од страна на германските органи за безбедност е утврдено само местото каде се наоѓа.“

Во веста и на весникот „Берлинер Цајтунг“ под наслов „Организаторот на обидот за преврат се криел во Neukölln“ се истакнува дека Оксуз навистина престојувал во таа куќа во Neukölln. 

 

 



Слични вести