Успехот што го постигнавме во Африн сакаме да го постигнеме и во Идлиб

Продолжуваат нападите на силите на режимот во Идлиб

993003
Успехот што го постигнавме во Африн сакаме да го постигнеме и во Идлиб

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со предупредувањето на ОН дека може да дојде до нов бран на бегалци од Идлиб рече дека околу прашањето биле разменети мислења со Русија и Иран.

По бајрамскиот намаз што го клањаше во џамијата на Мармара Илахијат, претседателот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите.

„Продолжуваат нападите на силите на режимот во Идлиб. Од ОН пристигна предупредување дека може да дојде до нов бран на миграции. Дали навистина постои нов бран на миграции? Какви мерки ќе бидат преземени?„ прашаа новинарите, на што Ердоган одговори:

Во врска со случувањата во Идлиб, режимот и особено Русија извршија операции врз некои терористички организации. Секако дека желба на Турција е дас е воспостави мир во Идлиб.  Успехот што го постигнавме во Африн сакаме да го постигнеме и во Идлиб. Во врска со евентуалниот миграторски бран, секако дека тоа е прашање на времето. Затоа водиме преговори со Русија и Иран. Гледано од тој аспект, Тел Афар има многу значајна позиција. Со колку помала штета ќе го поминеме овој проблем, толку ќе биде добро, рече Ердоган.



Слични вести