Турција со задоволство го прифати компромисот меѓу САД и Северна Кореја за траен мир

Средбата во Сингапур има пресвртна улога во дипломатскиот процес кој започна на почетокот на годинава и со задоволство се прифаќаат одлуките што беа усвоени како и дадените ветувања

991461
Турција со задоволство го прифати компромисот меѓу САД и Северна Кореја за траен мир

Турција со задоволство ја прифати заедничката декларација на лидерите на САД и Демократска Народна Република Кореја како и компромисот за постигнување траен мир на Корејскиот полуостров.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи на Турција во врска со средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Демократска Народна Република Кореја Ким Јонг-ун во Сингапур, беше истакнато задоволство од заедничката декларација на лидерите за воспоставување на трајниот мир на Корејскиот полуостров како и постигнатиот компромис за воспоставување нови односи и нуклеарно разоружување на полуостровот.

Средбата во Сингапур има пресвртна улога во дипломатскиот процес кој започна на почетокот на годинава и со задоволство се прифаќаат одлуките што беа усвоени како и дадените ветувања.

По компромисот што го постигнаа лидерите на Јужна и северна Кроеја во април во врска со сеопфатниот мир, политичката волја што ја изнесоа лидерите на САД и на Демократска Народна Република Кореја како и историската прилика ќе има многу големо значење особено со чекорите што ќе ги фрлат двете земји продолжување и одржување на регионалниот и светскиот мир. Турција ќе продолжи со поддршката на напорите за воспоставување на стабилноста и мирот на Корејскиот полуостров со кој има историски врски, беше истакнато во соопштението.



Слични вести